Мециновиќ: Во земјоделска држава, министерот за земјоделство нема оправдување за неуспех

На собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, порача дека македонското земјоделство продолжува да тоне и покрај сите природни предуслови што ги има државата за успешен развој на секторот. Според Мециновиќ, наместо конкретни резултати, земјоделците добиваат ветувања, доцнење на субвенциите и политики кои ги оттурнуваат од нивната основна дејност. Тој истакна дека во многу рурални средини земјоделството повеќе не обезбедува егзистенција, па сè повеќе луѓе се принудени да бараат работа во други професии или да ја напуштат државата. „Министер за земјоделство во Македонија да има лоши резултати, па тоа треба да се потрудите да имате лоши резултати“, истакна Мециновиќ од собраниската говорница. Пратеникот посочи дека власта се обидува да ја прикаже состојбата како успешна, додека реалноста на теренот е сосема поинаква. Според него, земјоделците се соочуваат со неисплатени или задоцнети субвенции, високи трошоци за производство и неизвесност околу својата иднина. Мециновиќ ја истакна и ароганцијата на власта и обидите критиките да се замолчат со закани со кривични и политички напади, наместо да се понудат решенија за реалните проблеми со кои се соочуваат земјоделците. Мециновиќ нагласи дека државата располага со плодна земја, поволна клима и долгогодишна земјоделска традиција, но дека резултатите се сè послаби бидејќи институциите работат во интерес на крупниот капитал, а не на малите и средни земјоделци. Земјоделството е еден од најважните ресурси на државата, а власта покажува дека не знае или не сака да го заштити. Левица смета дека на македонските земјоделци им се потребни навремени субвенции, сигурен пласман на производите, фер откупни цени и политики кои ќе го штитат домашното производство, а не интересите на неколкумина привилегирани.

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија
▶︎

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Мојсоска: Оние кои ја хранат државата се оние кои одвај си ја хранат фамилијата
▶︎

Мојсоска: Оние кои ја хранат државата се оние кои одвај си ја хранат фамилијата

Igor Andreevski - Ajde brate da se vratime / Игор Андреевски - Ајде брате да се вратиме
▶︎

Igor Andreevski - Ajde brate da se vratime / Игор Андреевски - Ајде брате да се вратиме

Преку казина го перете црниот кеш од вашиот криминал и затоа не смеете да ги затворите коцкарниците
▶︎

Преку казина го перете црниот кеш од вашиот криминал и затоа не смеете да ги затворите коцкарниците

Крмов: Власта ги уништува малите земјоделци за да ги помогне големите!
▶︎

Крмов: Власта ги уништува малите земјоделци за да ги помогне големите!

Дали знаете каква револуција се случува во Албанија деновиве?
▶︎

Дали знаете каква револуција се случува во Албанија деновиве?

„Само Интервју“ со Африм Гаши - 11.06.2026 - 1 дел
▶︎

„Само Интервју“ со Африм Гаши - 11.06.2026 - 1 дел

Земјоделството бележи пад, се помалку земјоделци и производство, а се повеќе советници на министерот
▶︎

Земјоделството бележи пад, се помалку земјоделци и производство, а се повеќе советници на министерот

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
▶︎

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република

360° season 12, show 71 (in-depth) Три крупни одлуки кои требаше, но Собранието сè уште не ги донело
▶︎

360° season 12, show 71 (in-depth) Три крупни одлуки кои требаше, но Собранието сè уште не ги донело

Граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи за пет години, а договорот и натаму е тајна
▶︎

Граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи за пет години, а договорот и натаму е тајна

Iran's top diplomat on U.S. deal: "Never been closer"
▶︎

Iran's top diplomat on U.S. deal: "Never been closer"

„Само Вистина“ со Љупчо Зиков и Сотир Костов - 09.06.2026 - 1 дел
▶︎

„Само Вистина“ со Љупчо Зиков и Сотир Костов - 09.06.2026 - 1 дел

ЗА ИЛИ ПРОТИВ (09.06.2026) ГОСТИН: ДРАГАН ПАВЛОВИЌ - ЛАТАС - НОВИНАР И УРЕДНИК
▶︎

ЗА ИЛИ ПРОТИВ (09.06.2026) ГОСТИН: ДРАГАН ПАВЛОВИЌ - ЛАТАС - НОВИНАР И УРЕДНИК

Блиц Вести - 11.06.2026
▶︎

Блиц Вести - 11.06.2026

Trump awaits word from Iran as top diplomat says agreement "has never been closer"
▶︎

Trump awaits word from Iran as top diplomat says agreement "has never been closer"

Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори
▶︎

Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

Станкоска до Орце: Задоволен ли си од директорот на Паркови и зеленило?
▶︎

Станкоска до Орце: Задоволен ли си од директорот на Паркови и зеленило?

Македонија нема прехрамбена безбедност - доволно е да ни ги затворат границите и ќе изумреме од глад
▶︎

Македонија нема прехрамбена безбедност - доволно е да ни ги затворат границите и ќе изумреме од глад

„Зошто Бугари во Устав“|Втора сезона поткаст со Љубчо Георгиевски|
▶︎

„Зошто Бугари во Устав“|Втора сезона поткаст со Љубчо Георгиевски|