Martix - Уметноста На Малите Чекори

Текст: Martix Продуцирано од: Lux Kmala Дизајн: Иван Петрушевски FLIM Aнимација: Бисера Михајловска ЕП Буден Сонувам 2023 Buy & Download: https://martix.bandcamp.com/album/bud... Текст: Уметноста на мали чекори Не можев да сменам што пред носот ми е но каде ќе ни биде нос - бираме ние па го однесов мојот каде нема злоба и игри и го променив домот за мала соба ко кибрит растам ко хибрид, дај ми само леб и кров со сѐ се соочив – немам ништо под тепихов а растеше над ламинат, голем ко планина фрлав едно по едно и редно беше да заминат Во срцето ми беа дома, а сакаат да тонам сериски самоубиец, чекаат петtа сезона еве спојлер: не потонав уште плутам има замислена рута, мислат бесмислено лутам Имам правец, секој чекор измерен ко танец во ранец носам соништа, ги следам во занес гледам во залез, учам да чекорам споро нагоре кренат е палец, радост е декор на зборот реф: Секоја препрека тогаш - сега е смешна мaлите промени носат големи нешта и мали чекори те носат кон места само чувај ја бистра свеста, чувај ја чиста честа Не барам никакви чуда, лото ни џекпот работам се трудам, за да е топло во џебот. Сѐ што барам е само сила за секојден, гмечам мисла гнила и така наоѓам некој Зен секое мрдање од место ми е голем потфат ми треба малку, жив сум кога ќе си зготвам во гради пуштам О2, во среќа спуштам котва безгрижно пловам, но морав да срушам брод, два морав да ги гушнам и пуштам – макар се налутат само душа си слушнав, мирно е вака на палуба Бев дете на зборот – сега ветен на молкот батали small talk – кажи ми што ти мрда колкот дај ми смисла и поента и срцето ќе го рентам да знам дека сум жив ако вратам назад лента ако мразат утредента знам дека сум пробал знам првпат каде одам, живеам слобода нова реф: Секоја препрека тогаш - сега е смешна мaлите промени носат големи нешта и мали чекори те носат кон места само чувај ја бистра свеста, чувај ја чиста честа