Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик ако остане политичката дискриминација во него
Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државното финансирање на изборните кампањи и билбордите, како и воведувањето на една изборна единица. Тој нагласи дека Левица од самиот почеток се залагала наместо парцијални измени да се донесе целосно нов Изборен законик, оценувајќи дека постојниот текст е „номотехничка каша“ која е тешко разбирлива дури и за правниците. Апасиев посочи дека учеството на Левица во работната група не значи и согласност со предложените решенија. Поради тоа, рече тој, Министерството за правда треба да ја преземе одговорноста како предлагач на законските измени. Во однос на државното финансирање на изборните кампањи, претседателот на Левица истакна дека нивниот став бил јасен – или да има еднакви услови за сите политички субјекти или целосно да се укине државното финансирање и наместо тоа да се организираат јавни дебати. „Наместо еднакви правила, остануваат истите законски решенија кои и ОБСЕ ги оцени како спорни. Повторно за сите има средства, освен за Левица, што претставува класична политичка дискриминација“, рече Апасиев. Тој најави дека Левица ќе побара Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на членот 76-д од Изборниот законик, оценувајќи дека токму оваа одредба ја исклучува Левица од системот на државно финансирање. Апасиев го повика Уставниот суд да постапи по иницијативата која, според него, повеќе од една година стои без одлука. „Апелираме на разумност и овој процес да не се саботира. Во спротивно, пратениците на Левица уште денес ќе го блокираат донесувањето на Изборниот законик“, порача тој. Одговарајќи на новинарско прашање, Апасиев изјави дека официјалниот предлог-закон сè уште не е доставен до пратениците, но според информациите со кои располага Левица, се очекува да биде ставен во собраниска процедура во текот на денот, поради роковите поврзани со реформската агенда. „Со двајца пратеници Левица добиваше повеќе средства отколку денес со шест пратеници. Тоа нема никаква разумна логика“, заклучи Апасиев.

Исмаил: Владата усвои закон за коцкање со недефинирана оддалеченост од 500 метри

ANTONIA GIGOVSKA: VO NIEDEN MOMENT NE POMISLIV DA ABORTIRAM...

„Само Вистина” со Максим Димитриевски и Зијадин Села 18.12.2024 - 2 дел

Вести во 12:00 на Сител Телевизија, 30.06.2026

Топ тема: Нови изборни правила за стари македонски навики, кому пречат современи демократски норми?

Drive through La Guaira, Venezuela shows earthquake destruction

Putin answered questions from a Russian journalist

„Само вистини со Видиновски“ - Љубиша Н. Столе Н., Сафет Б. и Богдан И. - 29.06.2026 - 1 дел

Cena zlata ruši rekorde! Da li se menja globalni finansijski poredak? | URANAK1

VO CENTAR Shokantno intervju so Zijadin Sela: Kako Gruevski padna od vlast, a Zaev stana premier?

360° season 11, show 22 Како докторот Филипче ќе го враќа СДСМ во живот од клиничка смрт – интервју

Игор Дамянов - как живеят заедно македонци и българи извън политиката?

Топ Тема - Кои се рeалните опции за деблокада на преговорите со ЕУ?

360° season 12, show 76 - Зголемувањето на дневниот интервал на евтина струја би било сезонско

'I Warn You - Don't Provoke Russia': Jeffrey Sachs ROARS At EU & US In European Parliament | VIRAL

Топ Тема На Ваша Страна (28.04.2017) - Интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

Владо Јаневски за сингл животот, напуштањето на Ластовица и "пензионерските" денови

Mundocast 2026. #19 Bliži se utakmica protiv Portugala, zahuktala se 16-ina finala. Njemačka ispala

Милошоски: Вмровски структури потпомогнати од СДСМ сакаат преврт во партијата

