Kanadsko pile | Hrana i Vino MKD

КАНАДСКО ПИЛЕ за 4 лица 500 г пилешки гради 2 пилешки копани со наткопани 250 г лупени компири 3 лимони 50 г мед 50 г путер 1 чешне лук 1 гранче свеж рузмарин Хималајска сол и црн пипер Потребно време за подготовка на ова јадење е 70 – тина минути. Два лимона цедиме во цедалка и го ставаме лимоновиот сок во тенџере на оган. Чешнето лук го сечкаме на парчиња, а листовите рузмарин ги кинеме од гранчето, и ги додаваме во тенџерето. Потоа ги додаваме путерот и медот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако путерот ќе се растопи го тргаме тенџерето со маринадата од оган. Копаните ги отсекуваме од наткопаните, а пилешките гради ги сечкаме на поголеми парчиња. Парчињата пилешко ги посолуваме и ги редиме во огноотпорен сад. Компирите ги сечкаме на кришки, а преостанатиот лимон на тенки кругови и ги додаваме во садот. Преливаме со подготвената маринада, во садот додаваме 100 мл вода и го ставаме во рерна. Печеме 60 минути на 180 степени и го вадиме садот од рерна. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула. Со лажица решетка вадиме од содржината во огноотпорниот сад и сервираме на чинијата. Канадското пиле го декорираме со гранчиња француски магдонос. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит. www.hranaivino.com.mk www.hranaivino.tv Subscribe for upcoming recipes:    / @hranaivinomkd   Follow us: Facebook:   / hranaivino