Tetovo SR Makedonija 1982

Тетово (албански: Tetovë, турски: Kalkandelen, во прев. „Штитобод“) — град во северозападна Македонија, на падините на Шара, односно во долната Полошка Котлина. Тетово е седиште на истоимената општина која зафаќа простор од 261,89 км2, а заедно со новосоздадените општини коишто произлегуваа од неа и кои и ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 945,8 км2. Тетово е град со богата иcторија, населен со повеќе етнички заедници.