(04) ПРЕСИНГ: Дарко Панчев со Кирил Лазаров - отворено, како никогаш досега, за се во мак-спортот!
🎥 ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИOT ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“, со македонските спортски легенди‼️ 📍 💬 Специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“, проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно! 📍 💬 Во четвртата епизода на ПРЕСИНГ гостин на најголемото македонско фудбалско име Дарко Панчев е, пак, најголемото македонско ракометно име и актуелен македонски селектор и тренер на Алкалоид - Кирил Лазаров! ============================================= 👉 Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди! =========================================== РАЗГОВОРИ ЗА... 00:24 – Вовед 01:50 – Максимална меѓусебна почит - Дарко Панчев е еден од идолите на Кире Лазаров од детството 04:40 - РК Алкалоид кој за само четири години од формирањето, на македонски „погон“ дојде до трофејот во ЕХФ Европскиот куп преку финалната пресметка со грчки АЕК 09:00 - За македонската репрезентација и веќе континуираниот нов пласман на Европско првенство 12:45 - За моментите на промената на генерациите во репрезентацијата кога ја презема селекторската функција, за Светското првенство во Полска и тогашните силни критичари 23:00 - За финалните натпревари со АЕК Атина, моментите кога Грците одлучија да не го играат реванш дуелот во Скопје, и првите реакции на луѓето од ЕХФ 25:00 - Кире Лазаров: „Дали ме погодуваат критиките? Ако не сум овде, ќе бидам на друго место, ќе биде тешко но ќе успеам! Ако вие сакате да ме искористите јас сум на располагање, јас подавам рака, ако не, благодарам, па секако остануваме пријатели...“ 30:00 - Како успеа да ги подготви младите ракометари на Алкалоид за оној „пекол“ во Атина - Тајниот рецепт со „специјалните тренинзи“ во Автокоманда! 34:10 - Дарко Панчев за случувањата во Атина при гостувањето на Црвена Звезда против Панатинаикос во Купот на европските шампиони во 1992. Како Дарко ја замолкна Атина со два гола, за насловните страници на сите грчки медиуми со пречкртаниот лик на Дарко Панчев 36:30 - Случувањата на атинскиот аеродром и цврстата решеност на Панчев да остави Македонец во графата за националност. За сите проблеми за време на престојот во Атина и агентите од југословенската тајна служба кои се грижеа за безбедноста на најдобриот македонски фудбалер! 45:00 - За спортот во Македонија, за неопходноста од што поголеми финансии и државни инвестиции во спортот, но и вистински квалитетни лица во спортскиот клупску менаџмент! 48:00 - „Во Македонија е многу тешко да се работи во спортот!“ 55:00 - Кире Лазаров отворено за најголемиот спортски мецена во Македонија, Живко Мукаетов и за меѓусебната соработка! 01:00:05 - Тони Кукоч и Роберт Просинечки, како едни од идолите од детството, поради која цела кариера го носи бројот “7“ 01:02:00 - За Свети Николе и семејното потекло и на Лазаров и на Панчев од овој град... Судбината сакаше Дарко Панчев европската титула со Црвена Звезда да ја освои и на стадионот „Свети Никола“ во Бари 01:06:00 - Кире Лазаров почнува со кошарката а станува најдобриот ракометар во светот, Дарко Панчев почнува со ракомет а станува најдобриот фудбалер во светот 01:12:00 - Дарко Панчев за моментите како е да се живее како супер-ѕвезда во Белград 01:14:00 - Патот на Кире Лазаров од Свети Николе, преку Битола и Загреб, до светските височини и европската титула со Барселона 01:20:43 - Дарко Панчев: „Ја одбив Барселона во 1992 година кога ме бараше Јохан Кројф, и погрешив!“ 01:21:45 - За спортската дрскост да му се 'спротистави' на Лино Червар и легендарната изјава 01:24:25 - За издигнувањето на македонската репрезентација, за новопечените самонаречени „ракометни експерти“ 01:29:10 - Идните планови на Кире Лазаров: „Мојата цел е да доживеам учество на Олимписки игри. Ќе биде тешко да се реализира тоа, но цврсто сум одлучен да ја постигнам таа моја цел и амбиција!“ ================================================================= Заследи нѐ и на: 👉 Web 👉 ekipa.mk Facebook 👉 facebook.com/ekipa.mkd Facebook 👉 facebook.com/redakcijaekipa.mk Instagram 👉 instagram.com/ekipa.mk

(23) ПРЕСИНГ со НЕНАД ЗИВЧЕВИЌ и ТОНИ ГРНЧАРОВ– Се за македонската кошарка низ една духовита призма!

(10) ПРЕСИНГ: Дарко Панчев со Перо Антиќ - ВОЗБУДЛИВ РАЗГОВОР КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА!

Nedjeljom u 2: Ništa bez proizvodnje. Sramit će nas se unuci!

Josip Korda | Iza Tribine #37

#Corner. ТИКНИЗЯН. Эксклюзивное ИНТЕРВЬЮ из Белграда / ՏԻԿՆԻԶՅԱՆ. Բացառիկ ՀԱՐՑԱԶՐՈՒՅՑ Բելգրադից

NA IVICI TERENA: Kiril Lazarov

(01)ПРЕСИНГ со Дарко Панчев: Селекторот Милевски прв гостин - отворено за се во мак-фудбалот!

PROMOCIJA FILMA O PANČEVU

Balkan Handball PODCAST #008 - Kiril Lazarov

Darko Pančev za RTRS: Vardar mi je majka, a Crvena zvezda otac /// 27.12.2025.

Свети Николе со Кирил Лазаров

“На кавга со Иван“ - Јовица Михајловски - 01.06.2026

(Ne)uspjeh prvaka s Mirzom Džombom #14: Kiril Lazarov

Pančev: Nekad kad odeš u Zvezdu, Dinamo i Hajduk, isto kao danas u Mančester, Borusiju

Mojih TOP 11, PREMIUM C0NTENT, Darko Pančev (II poluvreme)

(06)ПРЕСИНГ: Специјално издание за 60-от роденден на Дарко Панчев-Специјален гостин Златко Калински!

SPORTCAST.MK (E05) - ДАРКО ПАНЧЕВ (DARKO PANCEV, SP KATAR, SINISA MIHAJLOVIC, SERBIAN SUBTITLES)

🎙️Георги Костадинов: Реших бъдещето си след разговор със Сираков

Mojih TOP 11, PREMIUM C0NTENT, Darko Pančev (I poluvreme)

