„Ова ли е крајот кој го сакате“ перформанс од ученици против врсничко насилство и булинг Телма ТВ
Не случајно учениците го избраа токму Меѓународниот ден на детето и просторот пред Собранието како место за своето јавно обраќање. На денот кога светот ги потсетува институциите на правата на децата, младите упатија силна порака до носителите на одлуки и до целата јавност дека безбедноста на децата, заштитата од насилство и нивната благосостојба треба да бидат врвен општествен и институционален приоритет. Преку јазикот на движењето и ангажираната уметност, учениците прикажаа една од многуте сцени на отфрленост, осаменост, понижување и насилство што секојдневно ги доживуваат во училиштата. Нивната изведба беше потсетник дека зад статистиките стојат реални деца, реални искуства и последици кои можат да остават длабоки траги врз самодовербата, менталното здравје и чувството на припадност. Иако учебната година привршува, учениците потсетија дека проблемите со кои се соочуваат децата не завршуваат со последното училишно ѕвонче. Следува нова учебна година, нови генерации ученици и нова можност институциите, училиштата, родителите и заедницата да покажат дека безбедноста на децата е вистински приоритет. Токму затоа тие побараа уште сега да започнат подготовките за следната учебна година преку зајакнување на превентивните механизми, унапредување на поддршката за учениците и создавање училишна клима во која секое дете ќе може да учи, да се развива и да се чувствува сигурно. Преку својот настап тие побараа доследна примена на механизмите и протоколите за заштита од насилство во училиштата; навремено постапување по секоја пријава на насилство; поголема психолошка и психосоцијална поддршка за децата; поголемо учество на учениците во креирањето на безбедна училишна средина; континуирано спроведување на мировно образование, ненасилна комуникација и развој на култура на почитување и прифаќање на различностите. Професорката Грозданка Саздова изјави: ,, Ние возрасните со нашите постапки, ги учиме младите луѓе- учениците, како да се однесуваат меѓу себе. Секојдневието на децата е исполнето со примери како некој возрасен од позиција на моќ: навредува, врши мобинг на работно место, па дури си дозволува со висок тон да се обраќа без почит кон учениците.Законодавниот дом е место каде возрасните го моделираат нашето општество, во кое живеат децата. Децата денес преку социјалниот денс- театар во склоп на МЕЃАШИ, пратија порака.“ Професорката Валентина Штеројовска изјави:,, За жал живееме во свет и во општество во кое е присутно насилството и тоа се пресликува и во училиштата. Нашите деца заслужуваат безбедна училишна средина а тоа може да го постигнеме само ако заедно наставници ,родители и институции преземеме одговорност и изградиме култура на мир,љубов и почит. Потребен ни е едуциран кадар и добар менаџмент во училиштата, кој активно ќе работи на препознавање и намалување на насилството. Јас сум вклучена во програмата за Мировно образование при Детската амбасада МЕЃАШИ веќе 15 години и сум поминала многу едукации за да можам денес да одговорам на предизвоците со превенцијата на насилството во училиштата.” Пораката на учениците беше јасна: „Секое дете има право да се чувствува безбедно, прифатено и заштитено во училиштето.“ Социјалниот танц театар е резултат на обука реализирана од 9 до 11 мај 2026 година во Маврово, каде учениците преку сценска уметност, движење и заедничка работа ги истражуваа причините, последиците и можните начини за спречување на насилството. Процесот им овозможи да ги споделат своите искуства, да развијат емпатија, да ги зајакнат своите комуникациски вештини и активно да придонесат кон градење култура на мир и почитување. Како организација која повеќе од три децении работи на промоција и заштита на правата на децата, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ верува дека децата не треба да бидат само слушатели на одлуките што ги засегаат, туку активни учесници во нивното креирање. Денешниот настан покажа дека младите имаат што да кажат, дека препознаваат проблеми и дека се подготвени да бидат дел од решенијата. Во тој контекст, ученичката Идил Далип изјави: ,,Со оваа изведба сакаме да покажеме колку е сериозно насилството меѓу младите. Зборовите, потсмевот и навредите можат длабоко да повредат и да остават голема болка кај некого. Наместо омраза и осудување, потребни ни се љубов, разбирање и поддршка. Ние, младите, треба да бидеме едни покрај други, а не причина за нечии солзи и тага. Нашата порака е: бидете добри, поддржувајте се меѓусебно и никогаш не бидете причина некој да ја изгуби надежта или желбата за живот." Пораката што денес учениците ја испратија пред Собранието е едноставна, но суштинска: насилството не е нормален дел од детството и ниту едно дете не смее да остане само пред него. Безбедните училишта не се привилегија, туку право на секое дете, или како што истакна Андреј Симјанов: ,,Ние децата сме иднината и сегашноста на светот. Нашиот правилен развој значи успешна иднина за сите. Дозволете децата правилно да растат!"

ASMR Mysterious Growth ❓ CLOSE Medical Exam 👩⚕️Professional Doctor Facial Examination

Најголем интерес за медицински факултет, се гледа како виза за Европа - прв рок за упис на УКИМ

President Trump on Agreement with Iran

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ - соучениците трет ден бојкотираат настава

30 Real Life Superheroes | Random Acts of Kindness That Will Make You Cry #8

Nxënësit me porosi Shkollat nuk duhet të jenë vendi ku mbillet frika TV SHENJA

Funny Football Moments That Actually Happened 😂

Ален Зекиров е аналитичар во полициска станица Бит пазар - новогодишен бран на полициски вработувања

Изјави перформанс против врсничко насилство пред Собрание Слободен Печат ТВ

Најголемата Авантура во МАКЕДОНИЈА до СЕГА 🇲🇰

Започнаа да течат 72-та часа за чистење на градот Скопје

Перформанс на средношколци Не за меѓуврсничкото насилство Televizija 24Vesti

Incredibly tasty spaghetti ready in 10 minutes! A quick, delicious pasta dinner recipe!

Neporaženi Viking Je Rekao Bruceu Leeju: "Zdrobit Ću Te!" - 45.000 Ljudi Ostalo Je Šokirano

Перформанс пред Собранието на средношколци од Скопје и Гостивар за булингот Канал 5 Телевизија

Which Country Do You HATE The Most? | SERBIA

160 KG VILLAGE MONSTER - The ANOMALY Nobody Can Explain - SUPERHUMAN ANDREY SMAEV

Alien Visit | Hilarious Cartoon Compilation № 29 | Funny Cartoons by Elen Pebble Animations

Unforgettable Goals Of Diego Maradona

