Крмов: Сточарите го даваат млекото без цена, а Владата замижува пред неконтролираниот увоз
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за опозициски пратенички прашања упати две прашања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека земјоделскиот сектор се соочува со сериозна криза, а Владата не презема суштински мерки за нејзино надминување. На почетокот од своето обраќање, Крмов изрази жалење што новоименуваниот министер Борче Серафимовски не присуствувал на седницата, оценувајќи дека како политички функционер и долгогодишен државен секретар во Министерството требало лично да одговара на прашањата на пратениците. Во првото прашање, Крмов се осврна на состојбата во млечниот сектор, каде, како што посочи, сточарите се соочуваат со неисплатени субвенции, неизвесен откуп и откупни цени што не ги покриваат ниту основните производствени трошоци. „Толку се очајни сточарите што моментално го даваат млекото без цена. Подобро им е да го предадат, па потоа да потпишуваат договори, отколку да им пропадне производството“, истакна Крмов. Тој нагласи дека домашното производство покрива само околу 62% од потребите на македонскиот пазар, но и покрај тоа, домашните производители се доведени во незавидна положба поради, како што рече, неконтролираниот увоз на евтино млеко и млеко во прав од Србија. „Големите млекари, кои се сопственост на српски фирми, повеќе се грижат за своите кооперанти во Србија отколку за сточарите во Македонија. Владата знае каде е проблемот, но замижува“, порача Крмов, прашувајќи дали Министерството ќе преземе конкретни мерки за ограничување на таквиот увоз и за заштита на домашното производство. Во второто пратеничко прашање, Крмов се осврна на политиката за доделување ловишта под концесија на приватни лица, оценувајќи дека ваквиот модел резултирал со прекумерен лов, уништување на дивечот, занемарување на грижата за ловиштата и постепено распаѓање на ловните друштва. Тој истакна дека, ловиштата се претвораат во привилегија за мал број концесионери, додека обичните ловци сè потешко доаѓаат до нив, а последиците ги трпат и природата и екосистемите. Крмов побара Министерството да ја преиспита оваа политика и повторно да го врати моделот според кој ловиштата ќе се доделуваат исклучиво на ловните друштва.

С обещания за реформи догодина бюджетът с 5.7% дефицит мина на първо четене

Зевзекманија - 11.07.2026 - Zevzekmanija

24 интервју со адвокатот Звонко Давидовиќ

Блиц Вести - 16.07.2026

Инж. Георги Мъндев: Трябват дела срещу модела на Борисов и Пеевски

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи

Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35год

Дневник на Сител Телевизија, 15.07.2026

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка

Suština nije promijenjena, cilj je politička teritorija u FBiH | 7Plus | Hayat TV

Билјана Ивановска: Бараме независните да бидат рамноправни со партиите

„Само Вистина“ со Драган Павловиќ Латас и Иво Рангеловиќ - 08.07.2026 - 1 дел

Проф. Владимир Чуков: Променен е начинът на водене на външна политика от България, а не курсът

Апасиев кон Мицкоски: Вие сте како кнезот Потемкин - Владата ви е привид, лага и измамничка фасада

Жесток дуел меѓу Апасиев и Мицкоски – Нацев од „Рубикон“бил кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ

ЗА ИЛИ ПРОТИВ (14.07.2026) ГОСТИН: ДРАГАНА БОЈКОВСКА – ПРАТЕНИК, ИК НА ВМРО-ДПМНЕ

Kijev bez potpisa: Koja je poruka Beograda? | URANAK1

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор

Počinje strateški dijalog Srbije i SAD • MI DANAS

