Dave's Kitchen - Брз рецепт за рижото со печурки и зеленчук

Доколку сте љубители на италијанската кујна, тогаш со сигурност ќе Ви се допадне овој рецепт. Денеска заедно со Подравка за Вас подготвувам вкусно и кремаво рижото со сос од печурки и зеленчук. Целото време за подготовка е околу 25 минути, а доколку ги следите моите чекори во ова видео, со сигурност ве уверувам дека никогаш нема да згрешите. Не заборавајте да ставите SUBSCRIBE на мојот You Tube канал, и да ги заследите моите профили на социјалните медиуми: INSTAGRAM - https://bit.ly/2UjKnEO FACEBOOK - https://bit.ly/2MP2L7A YOUTUBE - https://bit.ly/2M8nX8X Потребни состојки: 3 лажици маслиново масло 2-3 млади кромидчиња ситно исечкани 2 чешниња лук, ситно исечкани 1 морков, изрендан 300 г ориз за рижото 1 кесичка Vegeta Fant сос од печурки 1 лажичка сенф естрагон од Podravka сол и Вегета Маестро мелен црн бибер по вкус 180 мл. бело вино 600-700 мл. пилешки бујон/супа 1-2 лажици свежо исечкан магдонос 50 г свежо изрендан пармезан свежо измелен црн бибер На згреана тава ставете го маслиновото масло и веднаш започнете да ги пропржите младите кромидчиња. Додајте го исечканиот лук и изренданиот морков. Промешајте ја целата смеса и додајте го оризот. Гответе ја смесата околу 3-4 минути со повремено промешување. Додајте го Vegeta Fant сосот со печурки, сенфот, сол и мелен црн пипер по вкус. Промешајте и додајте го белото вино. Оставете смесата да се крчка. Кога течноста ќе испари, додајте малку по малку од пилешкиот бујон добро промешувајќи го рижотото константно. При секое испарување на течноста во тавата и апсорбирање на истата во оризот, додајте повторно од пилешката супа. Јас денеска користам пилешка супа, но Вие може да користите и зеленчукова или говедска супа. Постапката повторете ја додека не ја потрошите целата течност. Ќе знаете дека рижотото е готово кога зрната ќе бидат набабрени и ќе се формира кремав сос. Сервирајте го рижотото во чинија, изрендајте свеж пармезан и декорирајте со свежо исечкан магдонос и мелен црн пипер. Листата на потребните состојки за овој рецепт ќе ги најдете во описот на ова видео. За многу повеќе видео рецепти во иднина не заборавајте да ставите Subscribe на мојот YouTube канал и да ги заследите моите профили на социјалните медиуми Facebook и Instagram. Се гледаме наскоро со нов видео рецепт заедно со Подравка, а до тогаш имајте многу забавни готвења!