Nenad Vržalski - Dušo Moja (Premiera vo zivo) Peeme za Kocani | Humanitaren Koncert Tamara Todevska

Премиерна изведба на авторска песна од Ненад Вржалски „Душо Моја“ Со огромна чест и емоции, за прв пат ја изведов песнава во живо, на хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска. Овој концерт беше посветен за повредените од трагичниот пожар во Кочани, и претставуваше вечер исполнета со љубов, поддршка и заедништво. Песната беше пишувана од Маријан Нечак, а јас малку ја изменив и ја посветив на жртвите од трагедијата. Благодарен сум што имав можност да бидам дел од ваков настан и преку музиката да придонесам барем малку за една поголема цел. Се надевам дека песната ќе допре и ќе биде лек за вашите срца. 🎶 Ненад Вржалски – Душо Моја (премиера во живо) Хуманитарниот концерт „Пееме за Кочани“, се организираше во соработка со Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје, на 8 мај 2025, а со поддршка на голем број соработници и пријатели на Тамара Тодевска. Голема благодарност до сите вклучени кои беа дел од оваа хуманитарна иницијатива за помош на погодените семејства од трагедијата. 🎸 Бенд: Гитара – Драган Илиев Гитара – Стефан Петановски Бас – Симеон Ангеловски Пијано – Дејан Трајкоски Хармоника – Златко Мадевски Тапани – Дамјан Грујо Саксофон – Славко Ѓоргиев Труба – Демир Кантаровски 🎤 Пратечки вокали: Ана Петановска Елена Васова Мила Николовска 🎼 Тонец: Давид Матевски 🎥 Продукција – светло и звук: DVD Plus 🎥 Видео: Зоран Зонде Стојановски